Фудбал
28. November 2017 - 17:01

СП Русија: Србите највисоки, Арапите најниски

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и швајцарскиот Интернационален центар за спортско истражување (ЦИЕС) направија истражување во кое се анализирани репрезентациите кои изборија пласман на Светското првенство во 2018 година во Русија.
 
ФИФА и ЦИЕС одбрале одредени категории и споредувајќи ги репрезентациите дошле до интересни податоци кои се однесуваат на самите репрезентации и на нивните континентални федерации.
 
Хрватска и Србија се репрезентациите од регионот кои ќе играат на Светското првенство и тие можат да се пофалат дека се најдобри во две категории.
 
Српската репрезентација во квалификациите била „највисока“ со просек од 185,6 сантиметри. Зад Србија според просечната височина се Шведска, Исланд, Данска и Хрватска (184,9). Најниска селекција има Саудиска Арабија (176,2).
 
УЕФА го држи приматот меѓу континенталните федерации (183,2).