Loading Video...
Ракомет
12. January 2023 - 19:53

СП Ракомет: Македонија може со Холандија и Аргентина

Македонската  репрезентација е пред нов испит на ракометните мундијали.  Во Полска ќе настапи со најмладиот селектор кој ја тренирал  досега, Кире Лазаров, врвно име во светскиот ракомет и тренер од кога очекуваме убава иднина на националниот тим. 

Досега на пд 7-те настапи на Светските првенства Македонија го има достигнато 9. Место во 2015-тата година  но факт е дека одамна е присутна желбата да се направи чекор повеќе и да се дојде до завршните натпревари кои значат борба за медал. 

Можеби овојпат е преоптимистички за таков расплет но впечаток е дека  оваа селекција има голем мотив за докажување и верба дека може да се освојат бодови против Холандија и Аргентина. 

Добро е што првата средба е против еден од фаворитите Норвешка и токму тука треба да се надмине онаа почетна трема во отсуство на оние искусните кои се простија од најмилиот дрес. 

И овојпат тука ќе биде ненадминливата фаланга која е важен столб во настапите на ракометната селекција. Со репрезентативците за Краков отпатува и навивачката експедиција. 

Да потсетиме средбата со Норвешка во Краков се игра утре петок во 20.30 минути. Во вториот меч од нашата група играат Аргентина – Холандија.