Ракомет
28. January 2021 - 19:56

СП Ракомет: Данска и Франција со многу среќа до полуфинале

Голема драма и возбудувања донесоа четвртфиналните пресметки на СП Ракомет во Египет.  За жал на домашните фанови кои очекуваа борба за медал на „фараоните“, селекцијата на Данска дури по изведувањето на ударите од 7 метри го елиминира домаќинот и така обезбеди учество во полуфиналето каде ќе ги одмери силите со се подобрата селекција на Шпанија која со препознатлива игра ја совлада фаворизираната Норвешка со 31-26. 
Драматично беше и на средбата Франција – Унгарија каде  повеќекратниот европски и светски првак беше на прагот да обезбеди победа во регуларниот откако водеше во самиот финиш со 30-27 но и тука се играа продолженија  и Французите триумфираа со 35-32 и обезбеди учество во следната фаза каде ги пречекува селекцијата на Шведска  која лесно го мина Катар совладувајќи го убедливо со 35-23. 
Викинзите со тоа потврдија дека имаат плејада на ракометари кои можат да ги заменат и оние најдобрите кои отсустуваат поради проблеми со корона-вирусот.