СП Хокеј: Титулата за Финска
Хокеарската репрезентација на Финска се заките со златниот медал на Светското првенство во Словачка. Финците во борбата за титулата ја победија фаворизираната Канада со 3.1. Финска ја освои третата планетарна титулата во својата историја и во исто време им се реваншира на Канаѓаните за поразот во финалето во 2016 година.
Финалниот меч во Братислава не започна добро за Финците, бидејќи Теодор во десеттата минута постигна гол за водство на Канада. Репрезентацијата на Финска пресврт успеа да направи со двата гола на капитенот Антила во 23 и 43 минута, а конечните 3:1 ги постави Песонон во 56 минута.
Покрај стрелецот на два гола Антила вистински херој на Финска е голманот Ланкине кој одбрани неверојатни 43 удари кон својот гол.
Фибска на патот до златниот медал успеа да ги победи најголемите фаворити на турнирот Шведска, Русиај во полу-финалето и Канада во финалето.
Третото место и бронзениот медал им припадна на Русите кои по изведувањето на пенали ја победија Чешка. Во регуларниот дел и по 10 минути игра во продолженијата резултатот беше 2:2.
Григоренко и Анисимов постигнаа по еден гол за Русија, а стрелци за Чешка беа Репик и Кубалик. Во пебал серијата за Русија погодија Ковалчук и Гусев додека Чесите не реализираа ниту еден од четири пенали.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа