-->
-->
СП атлетика: Болт со уште едно злато на 100 метри
-->

Усеин Болт го освои златниот медал во трката на 100 метри на Светското првенство што се одржува во Пекинг. Тој финалето беше побрз од Американецот Џастин Гетлин за една стотинка и патеката ја истрча за 9.79 секунди, а Гетлин имаше 9.80 секунди. Бронзениот медал го поделија Американецот Трејвон Бромел и Андре Де Грејс од Канада, кои имаа време 9.92 секунди.
Во фрлање ѓуле кај мажите победи Џо Ковач од САД со фрлање со должина од 21.93 метри. Германецот Давид Шторл се пласира на втората позиција (21.74), а трет заврши О‘Дејн Ричардс од Јамајка (21.69 национален рекорд).
Во дисциплината кладиво продолжи полската доминација откако Павел Фајдек го одбрани златото освоено во Москва пред две години. Тој имаше фрлање од 80.88 метри, а Дилшод Назаров од Таџикисан и Војчех Новицки од Полска имаа иста должина 78.55, но поради подобрата серија Назаров го освои среброто.
Во седмобјот кај жените Британката Џесика Енис – Хил го освои златниот медал со 6.669 поени што е нејзин најдобар резултат сезонава. Бриан Тесен од Канада го освои среброто (6.554), а Лаура Адмидина од Летонија бронзениот медал (6516).
Во трката на 20 километри одење со најдобар личен резултат светски првак стана Шпанецот Мигуел Анхел Лопез – 1:19.14 час, пред Жен Ванг од Кина беше втор, а Бенџамин Торне од САД беше трет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Девојка со скалпел се обидела да ограби 18-годишник во Скопје
-

Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет
-

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница
-

Тошковски: Придобивките од „One Stop“ веќе се видливи, на Табановце се чека околу 30 минути
-

Поранешниот потпретседател за респираторни истражувања во Фајзер: Ковид вакцините се токсични
-

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втора половина на 2027
-

УХМР: Дожд во вечерните часови и во текот на утрешниот ден, следува заладување
-

Специјалците спасија тешко повреден алпинист кај Демир Капија
