-->
-->
СП 2026: Бразил убедлив против Шкотска
-->

Бразил ноќеска ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, САД, во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026.
Винисиус Жуниор, го отвори резултатот во 7. минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45+3.минута. Во 60. минута Матеус Куња го постави конечниот резултат. Со две асистенции се истакна и Бруно Гимареш, имаше две асистенции.
За одбележување е и појавувањето во игра на Нејмар. Тој влезе како замена во 76. Минута. Ова беше негов прв натпревар на Светското првенство во 2026 година.
Бразил, со седум бода по три натпревари, го освои првото место во Групата Ц и се пласираше во нокаут фазата. Шкотска (три бода) заврши трета и ги задржа шансите за пласман во осминафиналето.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
