Ракомет
14. January 2019 - 15:12

СП 2019: Натпреварот против Хрватска ни е 35-ти на Светските првенства

Македонската ракометна репрезентација против Хрватска ќе го игра 35.тиот натпревар на Светските првенства во своето шесто учество. Македонија на досегашните 34 натпревари има 15 победи – 2 нерешени натпревари 17 порази.

Најмногу натпревари македонските ракометари одиграа на шампионатот 2009 година во Хрватска вкупно 9, додека на следните три одиграа по шест, а на првото учество 1999 година во Египет беа само дел од групната фаза.

Натпревари по шампионати на македонската ракометна репрезентација:

1999 година Египет – 5 натпревари / 1 победа – 4 порази

2009 година Хрватска – 9 натпревари / 4 победи – 5 порази

2013 година Шпанија – 6 натпревари / 2 победи – 1 нерешено – 3 порази

2015 година Катар – 6 натпревари / 4 победи – 2 пораза

2017 година Франција – 6 натпревари / 2 победи – 1 нерешено – 3 порази

2019 година Германија/Данска – 2 натпревара / 2 победи