Ракомет
11. January 2019 - 11:39

СП 2019: Четири победи на петте стартни натпревари на македонските ракометари на СП

Македонската ракометна репрезентација попладнево (почеток 15:30 часот) го игра првиот натпревар на ракометниот Мундијал во Германија и Данска. Македонија е во Б групата и натпреварите ќе ги игра во „Олимписката сала“ во Минхен. Прв ривал на нашиот национален тим е селекцијата на Јапонија.

На досегашните пет Светски првенства на кои настапувале нашите ракометари на четири дуели постигнале победи и успешно го стартувале настапот на голлемите натпреварувања. На три од петте дуели противник ни била селекцијата на Тунис, од која и го имаме претрпено единствениот пораз во Вараждин 2009 година. На останатите натпревари ракометарите постигнувале победи.

СП 1999 Египет (Каиро): МАКЕДОНИЈА – Саудиска Арабија 28:21

СП 2009 Хрватска (Вараждин): МАКЕДОНИЈА – Тунис 24:25

СП 2013 Шпанија (Севиља): МАКЕДОНИЈА – Чиле 30:28

СП 2015 Катар (Доха): МАКЕДОНИЈА – Тунис 33:25

СП 2017 Франција (Мец): Македонија – Тунис 34:30