Ракомет
13. January 2019 - 18:32

СП 2019: Червар: Очекувам утре да играме многу подобро против Македонија

Хрватската ракометна репрезентација во Минхен попладнево ја постигна и втората победа во групата Б, совладана беше Јапонија со 35:27. На прес конференцијата селекторот на Хрватска и поранешен македонски селектор Лино Червар истакна:
 
- Игравме добро во првиот дел, а кога ја созадоваме разликата игравме, потоа почнавме и да грешиме. Имавме повеќе грешки во финишот на натпреварот. Се надевам дека на утрешниот дуел против Македонија, која е квалитетен состав ќе играме многу подобро и поодговорно дека ќе ни биде потребно.