Ракомет
13. January 2019 - 16:17

СП 2019: Бахреин во „менито“ на Македонија

И Бахреин влезе во „менито“ на македонската ракометна репрезентација. Во вториот натпревар од СП во групата Б во Минхен, Македонија го победи Бахреин со 28:23 (12:8). Работата и победата беа завршени повеќе од рутински, како селекција со големо искуство за каква и важи нашата. По почените минути на испитување на силите нашиот тим направи серија од 5-0 за водство од 6:2 во 9.минута по што следуваше тајм аут за противникот. Тоа како да беше знак за влегување во „црн дупка“ 12 минути Македонија не постигна гол, а противникот серија од 5-0 три гола од пенал поведе со 7:6. Тогаш македонскиот селектор Раул викна тајм аут и работите се вратија во нормала по серијата од 6-1 до крајот на првиот дел.

Кон средината на вториот дел Македонија направи нова серија од 5-1 за нависоките за првпат на дуелот +8 -22:14 во 50.та минута. Потоа Раул полека почна да ги вади од игра играчите од првата постава што резултираше со намалување на разликата од страна на Бахреин, откако сите играчи добија шанса за настап.

Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со 8 голови, по четири постигнаа Манасков и Кузмановски, кај противникот најдобар на теренот беше голманот Хусаин кој имаше 12 одбрани.

Утре во рамките на 3.коло Македонија ќе игра против селекцијата на Хрватска со почеток во 18 часот.