Советот за безбедност на ОН за утре закажа итна неформална средба за Белорусија
Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи итен неформален состанок за Белорусија, земјата која е обвинета за пренасочувањето на патнички авион на компанијата „Рајанер“ поради апсење на белоруски опозициски новинар во него, дознаваат дипломатски извори.
-Утре ќе одржиме состанок , изјави еден дипломат за француските медиуми, што го потврдија уште двајца дипломатски извори.
Средбата ќе се одржи виртуелно на барање на Франција, Ирска и Естонија, изјавија дипломатите.
Минск го пренасочи ирскиот патнички авион „Рајанер“ на неговата рута од Атина за Вилнус за да го уапси дисидентот кој беше меѓу патниците.
ЕУ ја осуди акцијата и вчера одлучи да го затвори европскиот воздушен простор за авионите од Белорусија и да го санкционира режимот на Александар Лукашенко
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда