Свет
11. August 2016 - 11:55

Советот за безбедност на Русија разгледува дополнителни мерки за безбедноста на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска со членовите на Советот за безбедност на Русија разгледа дополнителни мерки за безбедност на Крим по „спречените терористичките напади“ на полуостровот, соопшти Кремљ

Федералната служба за безбедност на Русија вчера објави дека спречила навлегување на диверзантска група во Крим. Украина ги демантираше обвинувањата. 

На оперативното советување на Советот за безбедност денеска биле разгледани дополнителни мерки за гарантирање на безбедноста на жителите и важните инфраструктурни објекти во Крим во врска со спречените терористички напади.