Советот за безбедност на ОН денеска ќе заседава за Северна Кореја
Советот за безбедност на ОН ќе одржи денеска состанок во врска со нуклеарната проба на Северна Кореја, по барање на САД, Јапонија, Велика Британија, Франција и Јужна Кореја, соопшти мисијата на САД во ОН.
Средбата ќе почне во 10 часот по локално време.
Северна Кореја вчера изврши шеста и најсилна нуклеарна проба, соопштувајќи дека детонирала унапредена хидрогенска бомба за ракета со долг дострел, што предизвика бурни реакции ширум светот.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди нуклеарното тестирање на Пјонгјанг, оценувајќи го како „длабоко дестабилизирачко за регионалната безбедност“ и го повика севернокорејското раководство да прекине со таквите потези.
- Овој чин е уште едно сериозно кршење на меѓународните обврски на Северна Кореја и ги поткопува меѓународните напори за неширење нуклеарно оружје и разоружување, се наведува во соопштението на Гутереш.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот