Советот обвинители не расправаше за дополнување на тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната седница не ја стави на дневен ред точката за избор на јавни обвинители на Специјалното јавно обвинителство.
- Од еден член на Советот на јавни обвинители беше предложено како дополнување да биде и точката за избор на јавни обвинители на Специјалното обвинителство. Јас добив образложение дека досега нема дадено нови околности или предложено други кандидати, или да образложи зголемување на обемот на работа. Освен тоа писмо што го добивме, од Катица Јанева добивме иста листа на кандидати, изјави денеска по завршувањето на седницата претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.
Тој рече дека гласале и одлучиле таа точка да не се стави на дневен ред, туку за неа да се размислува и разговара на една од наредните седници за потребите на Специјалното јавно обвинителство.
Аневски додаде дека на седницата присуствувале претставници од ОБСЕ и Амбасадата на САД. Тој ја повика Јанева да дојде во Советот и да разговараат за излез од настаната ситуација.
- Вратата за Катица Јанева во Советот на јавни обвинители е отворена и во секое време може да дојде и да разговараме за да се најде излез од оваа криза, рече Аневски.
Ново на Сител
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

Муцунски даде отчет за сработеното во изминатите две години
-

Јаневска: Реализиравме бројни реформи, го подигнуваме квалитетот на образованието
