Советот на Општина Гевгелија ќе расправа за мерки за ограничување на влезот на граѓаните од соседна Грција

Советот на Општина Гевгелија на денешната седница ќе расправа за воведување мерки за ограничување на влегување на граѓаните од соседна Грција кои масовно доаѓаат во Гевгелија заради добивање стоматолошки услуги и во посета на казината, во контекст на ситуацијата со коронавирусот.
На предлог на раководителот на подрачната единица за јавно здравје во Гевгелија, епидемиологот Саше Олумчев, одлуката треба да ја донесе Локалниот совет за превенција.
Според д-р Олумчев, во Општина Гевгелија се почитуваат сите препораки од Владата, Министерството за здравство и кризниот штаб. На ГП Богородица, каде фреквенцијата на сообраќајот е намалена најмалку за 30 отсто, редовно се врши контрола на сите патници кои доаѓаат од Грција и се анкетираат лицата кои пристигнуваат од ризичните земји. Редовно се дезинфицираат и работните кабини на полициските службеници.
-Досега имаме тестирано едно лице на коронавирус од Општина Гевгелија, кое имаше мешана симптоматска слика, а со цел да нема никаков ризик лицето беше тестирано. Тестот беше негативен. Не би требало да се предизвикува паника затоа што и нас овој вирус нема да не одмине, рече епидемиологот Олумчев.

На младите, пак, кои добија 14-дневен одмор, поради ситуацијата со коронавирусот, Олумчев им порача повеќето од времето да го минуваат дома или доколку излегуваат да избегнуваат групирања на места како што се кафулиња, ресторани и игротеки.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
