Советот на aмбасадори ја поздрави одлуката на Владата привремено да вдоми одреден број авганистански цивили
Советот на Амбасадори високо ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми во Република Македонија одреден број лица вработени во меѓународни организации, потоа на жени и деца од Авганистан на кои животот може да им биде загрозен од талибанските власти, како и напорите што ги прави Министерството за надворешни за враќањето во земјата на нашите граѓани кои по разни основи се наоѓаат во Авганистан.
– Граѓаните на земјата многу пати досега ги изразиле нивните чувства за солидарност и помош на сите народи во светот кои од разни причини имале и имаат потреба за помош. Тоа исто така претставува исполнување на обврска што Владата ја има кон НАТО, САД како наши досегашни силни поддржувачи на нашите евроатлантски аспирации и интеграции, како и кон меѓународната заедница во целина, се вели во соопштението од Извршниот Одбор на Совет на Амбасадори.
Следејќи ги најновите настани во Авганистан, се вели во соопштението, здружението за меѓународна политика „Совет на Амбасадори“, жали што по дваесет години вложен труд, вложени финансии во здравство, образование, култура, социјална политика и економски развој од страна на меѓународната заедница, со повторното враќање на власт на Талибанците, животот во оваа земја се враќа повторно на почеток .
-Советот го изразува, исто така, своето жалење што и покрај големите усилби што ги вложи во текот на овие поминати 20 години за изградба на економско, социјално, културно и образовано развиено авганистанско општесво, меѓународната заедница не успеа во нејзините намери и нејзината платформа не ги даде очекуваните резултати, стои во соопштението од Советот на Амбасадори.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера