Советот го одобри новиот состав на Европската Комисија
Тимот на избраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајн, доби зелено од светло од Советот на ЕУ утрово, останува новата ЕК да биде одобрена од страна на Европскиот Парламент во среда.
Новите 25 еврокомесари, заедно со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, беа одобрени на денешната седница на Советот на ЕУ, со што се отвора патот за гласањето на европратениците.
Советот и Парламентот се двете ко-одлучувачки тела на Европската Унија.
Европскиот Парламент ќе треба да гласа за целокупниот состав на новата Европска Комисија. Очекувањата се дека тој ќе помине, но со тесно мнозинство. Доколку пратениците ја поддржат новата Европска Комисија, таа би требало да почне со работи на 2 декември.
Европските комесари се назначени од секоја земја членка на ЕУ, но Обединетото Кралство, и покрај барањата на Фон дер Лајн, не испрати свој кандидат поради изборната кампања која е во тек.
Брисел отвори прекршочна процедура пред десет дена против Лондон, а Советот денес уште еднаш ја потсети британската Влада дека сѐ додека е формално земја членка на ЕУ мора да ги почитува сите свои обврски согласно правото на ЕУ.
Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 31 јануари 2020 година.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња