Македонија
11. January 2019 - 16:32

Советниците од опозицијата бараат прогласување на вонредна состојба поради проблемите со снегот

Битолските опозициски советници денеска поднесоа иницијатива за свикување вонредна седница, како што велат согласно деловникот на Советот со 11 потписи, а барањето е седницата да се закаже за утре во 9 часот.

-Со следниот дневен ред, барање до Владата на РМ да прогласи вонредна состојба на територијата на Општина Битола, точка два итни мерки за справување со временските неприлики во Општина Битолаи тоа барање за активирање на Дирекцијата за заштита и спасување со активирање дополнителна механзизација. Како причина за опавданоста на ваквата вонредна седница ги дадовме екстремно ниските температури и големите врнежи снег, истакна ЕЛЕНА ТРАЈЧЕВСКА, СОВЕТНИК ОД ВМРО ДПМНЕ.

Меѓутоа се уште е неизвесно дали оваа иницијатива ќе биде прифатена и ќе се одржи вонредната седница. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека постојано се на терен, но временските услови ги отежнале условите за чистење. До утрово биле исчистени 70% од споредните улици, кои создаваат најголеми проблеми.

-Знаеме дека споредните улици не може да се исчистат наеднаш, бидејќи количините на снег беа преголеми, меѓутоа на сите граѓани кои не контактираа речиси да им излеговме во пресрет. До утринава се исчистени околу 70% од споредните улици, со што им е овозможен пристап на граѓаните до главните улици на жителите од речиси сите населби, со исклучок на населбата Баир, поради тесните улици. Истото ќе продолжи и во наредните денови и за време на викенд, со зголемен број на луѓе, истакна МЕТОДИ СИЛЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП НИСКОГРАДБА.

Токму во населбата Баир имаше најголем проблем со подигнување на сметот, кој деновиве остана по улиците.

-Ние го подигаме редовкно отпадот, со исклучок на непристапните места на населбата Баир каде очекуваме дека деновиве ќе се расчистат улиците и ќе може да се подигне отпадот и од тие делови, рече ПАНДЕ БОГОЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ЈП КОМУНАЛЕЦ.

Од „Водовод“ велат дека продолжува зголемената потрошувачка на вода, но и пукањето на водомерите, а се очекува нивниот број да се зголеми со затоплувањето. Денеска биле регистрирани 8 дефекти на водоводната мрежа. Претпријатијата за викендов најавуваат масовно чистење на Широк Сокак и Старата битолска чаршија од снегот, кој ќе се фрла во реката Драгор.