Македонија
18. October 2022 - 16:39

Советниците од Благоевград: Македонците се измислена нација, културниот центар е провокација

Антибугарска провокација на која категорично се спротиставуваме. Општинските советници во Благоевград без ниту еден глас против усвоија декларација, со која застанаа против отворањето на македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”, закажано за 30 октомври.

“Неспорен е историскиот факт дека македонската нација е вештачки содадена од Коминтерната во 1934 година. Нејзината единствена причина за постоење била да им служи на интересите на болшевичката партија и на Советскиот Сојуз и за целите на туѓа држава! Уште повеќе, за нас како Бугари и жители на Пиринска Македонија, е крајно голема навреда и провокација еден голем бугарски поет, каков што е Никола Јонков Вапцаров, да му се наметнува туѓа национална самосвест”, се наведува во решението на Советот во Благоевград.

Оваа декларација нема правна основа и нема да не спречи до го отвориме центарот, велат Македонците од Благоевград. Тие утре ќе пратат и покани до премиерите од двете земји да присуствуваат на настанот.

“Ние немаме ништо со Македонија, се спонзорираме од македонците од странство, односно од организацијата за индивидуални човекови права. Што се однесува до тоа дали имаме или немаме право, советниците немаат законска можност тоа да го кажат”

Македонското МНР нема реакција на наводите од општина Благоевград, но најавија реакција на новата провокација од европратеникот Џамбаски, кој упати навреди за премиерот Ковачевски и изрази отворени територијални претензии кон земјава.

“Ќе поднесеме нота, говор на омраза...”

Осуда за Џамбаски стигна и од шефицата на словенечката дипломатија која е во посета на земјава.

Во видео обраќање, Џамбаски меѓудругото истакна дека македонизмот е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка идеологија, која има задача да ги искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија.