Македонија
14. December 2017 - 16:30

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ја напуштија работата на советот

- Прилепските советници од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во понатамошната работа на Советот на општина Прилеп -

Дванаесетте опозициски советници од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Прилеп, од денеска нема да учествуваат во работата на општинскиот Совет во знак на протест заради одредените притвори по повод  настаните од 27-ми април.

Останатите 15 советници од позицијата, денеска, сами ја одржаа петтата редовна Седница на општина Прилеп, на која расправаа за дваесетина точки од Дневниот ред кои се однесуваа на назначувањето на нови Управни и Надзорни одбори во јавните претпријатија и училиштата.