Македонија
6. September 2015 - 17:35

Советници на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица бараат одговорност од Заев

Зоран Заев со години ги лаже струмичани.  Ветувањата за покривање на пазарот Чешел се еден од мноштвото примери за тоа како тој со години лаже  за една иста работа,  реагираа советниците од ВМРО ДПМНЕ. На прес конференција советничката група на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш информираше дека во 2011 година Заев ветил покривањето на пазарот кое ќе го  направи во 2012, но не го исполнил ветувањето. Истиот проект го ставил во буџетот за 2013 година но повторно не го одржал дадениот збор и уште еднаш ги излажал пазарџиите и граѓаните на Струмица.

-Без ниту малку срам за овие негови лаги  вчера Зоран Заев, арогантно и потценувачки кон струмичани, преку писмо информираше дека условите на пазарот Чешел биле одлични и дека затоа не бил овој проект приоритет и затоа ќе го затворел пазарот, сега со најнов рок, до 2017 година. Замислете од 2011 година ветува еден проект дека ќе го реализира и по 4 години од тоа неисполнето ветување самиот кажува нов, најнов рок, за исполнување на ветувањето што требаше да биде исполнето пред повеќе години, рече Зоран Пакетов – координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ

Доколку во Гинис имаше категорија градоначалник што најмногу излажал, сигурно Зоран Заев ќе беше запишан во Гинис. Зоран Заев, човек рекордер во лаги и неисполнети ветувања велат советниците на ВМРО ДПМНЕ.

-Како градоначалник на Струмица со граѓаните на Струмица, за проблемите во Струмица комуницира со писма испратени од Скопје, местото каде што и самиот со гордост кажува дека спие со месеци, додаде Пакетов

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ уште еднаш побара градоначалникот Зоран Заев да си поднесе оставка од неговата функција.  Тие велат дека тој со месеци не се појавува на работното место за кое е избран од граѓаните, а неговиот однос кон граѓаните на Струица бил потценувачки. Сето ова било повеќе од доволна причина доколку кај него имало останато трошка морал и одговорност да излезе пред струмичани, да се извини за сите лаги и неисполнети ветувања и да си замине од градоначалничката функција.