Советничката група на коалицијата „Oбнова за Македонија“ ја прекина седница и порача НЕ за Бугаризација
Почитувани,
Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача Не за Бугаризација и асимилација на Македонија.
Додека се прави предаство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ.
Македонија не смее да биде заложник и жртва на предаствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?