Совет од експерт: Ако ве мачи несоница, ова никако не го правете!

Совет што не смеете да правите ако се разбудите среде ноќ и не можете да заспиете.
Има ли нешто полошо од удење од мирен сон среде ноќ од непозната причина? Уште полошо е ако не можете повторно да заспиете, а морате да станете за неколку часа.
Докторот Мајкл Бриас за „Independent“ открива како можеме да до решеиме овој се почест проблем.
Експертот за сонови вели дека никако не смеете да станувате и да одите во тоалет, ако не ви се оди во тоалет. заштое ова важно? Наглото станување од топлиот кревет среде ноќ го забрзува отчукувањето на срцето, па покасно ќе ви биде потешко повторно да заспиете.
За да заспиеме, срцето мора да чука точно во одредено темпо, а станувањето будењето само ќе го збуни и повторно ќе биде на почеток.
Друг совет е - не гледајте во асовник и опуштете се.
Проверување колку уште часа имате за сон (како и одлагање на алармот) дава посебно задоволство, но всушност не ви прави услуга. Бриас вели дека многу луѓе имаат ирационален страв од недостаток на сон, иако еда непреспиена ноќ не е причина за паника.
Најдобро што можете да направите е да се свртите на другата страна и да пробате да се опуштите. Ако сте нервозни или загрижени поради времето кое ви останало до она иритантно звонење, веројатно нема да можете да заспиете.
Значи, не мислите на ништо и концетрирајте се само на дишењето.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
