Совет на амбасадори: Бугарија конечно да го тргне ветото
Советот на Амбасадори ја поздравува изјавата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Г-7 и Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изразена во зеадничка Декларација од завчерашната средба во германското место Вајзенхаус дека силно го поддржуваат брзото отворање на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и со тоа ја афирмираат нивната определност за поддршка на европската перспектива на шесте земји на Западен Балкан со цел да се обезбеди сигурноста, стабилноста и просперитетот на регионот.
Советот на Амбасадори денеска во соопштение ја поздрави и одлуката на Финска да побара прием за полноправно членство во НАТО како и готовноста на Алијансата во брза процедура да ги прими Финска и Шведска како полноправни членки во полза на зацрвстување на мирот и безбедноста како и просперитетот во тој регион и цела Европа.
-Во однос на одлагањето на меѓувладината средба со Република Бугарија која требаше да се одржи овие денови поради „неисполнување на задачите„ од страна на Северна Македонија, како соопштуваат бугарските институции, Советот на амбасадори го изразува своето разочарување од несериозниот и условувачки пристап на бугарските државни институции кон унапредувањето на пријателските билатерални односи меѓу двете земји и смета дека тие односи може да се унапредуваат единствено со взаемно прифаќање и почитување на европските вредности, се наведува во соопштението.
Совет на Амбасадори ги повикува бугарските државни институции конечно да го симнат ветото против Северна Македонија со цел да придонесуваат на просперитеот, мирот и безбедноста на регионот во овие кризни времиња, се дополнува во соопштението од Извршниот Одбор на СА.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација