Сотирова Бухова: Регистрирани 40 големи кластери во државава
Решенија на позитивни лица се издадени во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Сингелиќ и Сарај. Епидемиолошките анкети укажуваат на бројни семејни кластери. Во периодот од 24 мај наваму, односно денот кога почна релаксирањето на мерките евидентно се зголемува бројот на позитивни пациенти. Секој ден бројот на позитивни пациенти значи огледало на нашето однесување ретроградно наназад најмалку 14 дена. Во овој период регистрирани се повеќе од 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, во еден период беа 15, па 20, на територијата на Град Скопје.
Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова, која рече дека големите кластери се „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ и на нив присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе, за што, како што посочи, како Инспекторат не можат да поверуваат дека не биле забележани и не интервенирало МВР.
Во однос на семејните кластери, потенцира, според епидемиолошките анкети, сме имале од четворица до 20 инфицирани со исто презиме односно во една фамилија.
– Досега ДСЗИ има издадено над 8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на повратници со негативен PSR тест, додаде д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања по прес-конференцијата на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.
Ново на Сител
-

Милошоски: До Македонија официјално нема барање за азиланти или мигранти, дури и ако има категорично би било одбиено
-

Јовевски: Скратувањето на работното време е неизбежна иднина
-

Зеленски: Секаков компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум
-

Ѓорѓиевски: Се воспоставува ред на „Пластичарска“, се постапува и на Зимзоленд, немаат дозвола за вршење дејност
-

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк денеска треба првпат да се појави пред суд
-

Во Центар Жупа изградено првото детско игралиште
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
