Состојбата со Ковид-19 во Кичево се влошува
Состојбата со Ковид-19 во Кичево продолжува да се влошува и секојдневно во пораст е бројот на новозаболени и активни случаи. Тоа значи дека и вкупниот број заболени од почетокот на пандемијата е во континуиран пораст.
Директорот на Општата болница во Кичево, Станко Трпески истакна дека сите капацитети се вклучени да одговорат на зголемените обврски, но недисциплинираните граѓани ја отежнуваат работата на вработените, а тоа им создава големи потешкотии.
-Состојбата со новозаболени од Ковид-19 во нашата општина континуирано се влошува, а како резултат на се потешката ситуација, целокупните капацитети во нашата болница се вклучени за да одговориме на зголемените обврски. Така секојдневно бројот на новозаболени е во пораст, капацитетот на модуларниот ковид центар е целосно исполнет и сите кревети се зафатени со лежечки пациенти заболени со Ковид-19 вкупно 45. Наглиот пораст придонесе бројот на активни случаи секојдневно да расте и во моментов имаме 266 активни случаи и во тој сегмент сме при врвот во нашата земја, рече Трпески, кој е крајно разочаран од односот на пациентите, нивната ароганција и непослушност што ја манифестираат последните десеттина дена.
Повеќе од самата болест, посочи тој, главоболки ни создаваат нашите сограѓани, кои со својот некоректен однос ни ја отежнуваат работата и наместо целосно да се посветиме на третирањето на болните, ние мора да воспоставуваме ред за непослушните и арогантни сограѓани.
-Како да не сакаат да не разберат дека ние целосно се вложуваме за нивно добро, за и тие со што помали последици ја пребродат болеста.Со денови укажуваме и апелираме да нема масовни собирања, да не се седи во затворен простор во поголем број и сите тие проблеми не доведоа во оваа ситуација, секојдневно да имаме рекорден број на новозаболени од Ковид-19, додаде директорот и на крајот упати уште еден апел до граѓаните, да бидат дисциплинирани и трпеливи бидејќи сите ќе ја добијат неопходната услуга.
Ново на Сител
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
-
Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени
-
Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа