ОН: Состојбата на човекови права во Русија е значително влошена од почетокот на инвазијата врз Украина

Ситуацијата со човековите права во Русија значително се влоши по нејзината инвазија врз Украина во февруари минатата година, се наведува во извештајот на специјалната известувачка на ОН за човекови права, Маријана Кацарова.
Кацарова тврди дека имало „системско задушување“ на граѓанското општество и дека руските власти извршиле масовни самоволни апсења на критичарите на војната.
Уапсените се соочуваат со смртни закани поради „постојана употреба на тортура и малтретирање“, се наведува во извештајот на специјалната известувачка, пренесуваат британските медиуми.
Ова е првпат Советот за човекови права на ОН, што постои 16 години, да има мандат да ги истражи постапките на една од петте постојани членки на ОН.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во моментов не може да ги коментира наводите бидејќи се уште не го видел извештајот.
Експертите ги документираа неодамна донесените рестриктивни закони што се користат за „замолчување на граѓанското општество и казнување на активистите за човекови права и другите за нивното антивоено однесување и ставови“, се заклучува во извештајот.
Зачестената насилна примена на овие закони и регулативи, се додава во извештајот, резултираше со систематска репресија врз граѓанските организации и независните медиуми.
Москва претходно соопшти дека нема да соработува со истрагата, а дебата за извештајот ќе се одржи на состанокот на Советот в четврток во Женева.
Ново на Сител
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
