Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.044.865 лица. Од нив починати се 131.393, а оздравеле 505.282 луѓе.
Подгорица – Според денешниот извештај за состојбата со новиот коронавирус, Во Црна Гора не е регистриран ниту еден нов случај на заразен, а анализирани се 102 примерока. Бројот на инфицирани и натаму е 288, соопшти Националното координативно тело на прес-конференција. Досега во Црна Гора се направени 3.874 тестови.
Директорот на Институтот за детски болести Саша Радовиќ рече дека од почетокот на тестирањето, 41 дете било позитивно на коронавирусот, а само во еден случај била потребна хоспитализација.
Рим – Со нови 578 починати, Италија денеска бележи благ пад во однос на вчерашниот ден, кога беа регистрирани 636 жртви, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Меѓутоа, со вкупно 21.645 починати лица, Италија и натаму е на второ место во светот по бројот на жртви, веднаш по САД.
Инаку, денеска во Италија, од 13 март, е регистриран најмал број новозаразени од Ковид-19, 2.667, така што вкупниот број изнесува 165.155 лица.
Поголем број заразени од Италија, имаат САД и Шпанија. Сепак, расте бројот на излекувани, кој изнесува 38.092 пациенти.
Мадрид – Шпанската Влада ќе дистрибуира повеќе од два милиона маски за работниците во сообраќајниот сектор, соопшти шпанското Министерство за сообраќај. Со оваа нова испорака, Владата ќе подели 3,3 милиони маски на работниците.
Тел Авив – Во Израел во последните 24 часа од вирусот Ковид-19 се заразени уште 332 лица со што вкупниот број изнесув 12.200. Бројот на починати, со нови девет случаи, изнесува 126, соопшти израелското Министерство за здравство.
Техеран – Во Иран има 76.389 заразени од новиот коронавирус, што е најголем број од земјите на Блискиот Исток. Бројот на починати изнесува 4.777 лица.
Ново на Сител
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
