Свет
1. April 2020 - 20:28

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 912.565 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 45.541, а оздравеле 191.826 луѓе.

– Во Латинска Америка се регистрирани околу 20.000 заразени со коронавирусот.

– Во САД бројот на заразени надмина 200.000. Во последните 24 часа починале 463 лица, а бројот на новозаразени е 16.000.

– Мала заедница од 50.000 етнички Кинези во тосканскиот град Прат нема ниту еден случај на Ковид-19.

– Генералниот секретар на ОН го продолжи за неколку недели режимот на работа од далечина за вработените во централата на организацијата.

– Путин потпиша закон со кој се зголемуваат казните за прекршување на карантинот.

– Бројот на починати во Турција се зголеми за 63 и достигна 277. Бројот на заразени до денеска изнесува 15.679 лица.

– Италијанскиот премиер Џузепе Конте побара од Германија повеќе европска солидарност, за да се надмине „цунамито“, предизвикано од пандемијата на Ковид-19. – Ако сме една унија, сега е моментот да го докажеме тоа, напиша Конте во статија која ќе биде објавена во германското списание „Цајт“.

– Европскиот парламент изрази подготвеност да отстапи свои згради за сместување на болни от Ковид-19, ако се јави потреба од дополнителен простор.

– Бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски раговарал со американскиот државен секретар Мајк Помпео во врска со пандемијата на Ковид-19.

– Чешките пивници престанаа да продаваат точено пиво во буриња и наместо тоа предлагаат шишиња и конзерви.

– Во Италија во последните 24 часа има нови 727 починати и вкупниот број на смртни случаи до денеска изнесува 13.155. За споредба, вчера починаа 837 лица што значи дека има пад на бројките. Вкупно заразени се 80.572, а оздравеле 16.847. Вкупниот број на заразени, оздравени и починати од почетокот на пандемијата, во Италија изнесува 110.574.

– Смртните случаи од новиот коронавирус во Канада се над 100. До денеска починале 105 лица, 16 повеќе од вчера, а вкупниот број на заразени изнесува 9.017.