Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 520.330 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 23.593, а оздравеле 123.321 лица.
– Во Австрија, според последните податоци на Министерството за здравство, 6.398 лица се инфицирани со коронавирусот. Бројот на починати се зголеми на 49. Досега се тестирани 35.995 лица.
– Во Црна Гора новиот коронавирус е потврден уште кај две лица, така што вкупно заразени се 49 лица. Најмногу заразени има во Тузи, каде што полицијата од денеска со дрон го снима тоа подрачје.
– Во Велика Британија починаа уште 115 лица, со што бројот на починати во земјата достигна 578 лица, соопшти денеска Владата. Потврдени се 11.658 заразени од Ковид-19, а излекувани се 135 лица.
– Португалската централна банка ги ревидираше своите економски предвидувања на голем пад и веќе очекува рецесија во опсег од 3,7 до 5,7 проценти од БДП во 2020 година, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус.
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека одлучил да ги затвори границите за сите Украинци кои нема да успеат да се вратат во земјата до 27 март.
– Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 12 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 189 лица.
– Во светот децата се помалку се вакцинираат поради пандемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
