Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.443.820 лица. Од нив починале 242.266, а оздравеле 1.102.127луѓе.
– Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми во последните 24 часа за 621 лица во Велика Британија на 28.131 лица додека бројот на заразени во земјата се зголеми за 4.806 лица на вкупно 182.260. Водечка британска болница почна третман со плазма на крв за пациенти со Ковид-19. Третманот е експериментален и ќе се изврши на Клиниката Гејс и Сент Томас во Лондон, каде што британскиот премиер Борис Џонсон се лекуваше. Плазмата што се користи е од пациенти кои се опоравуваат од таа болест.
– Во Италија, 474 луѓе починаа од компликации поврзани со коронавирус во последните 24 часа, при што дополнителни 1.900 се заразени.
– Во САД досега од коронавирусот починале над 65.000 луѓе, според универзитетот Џонс Хопкинс. Бројот на заразени се искачи на 1.106.373. Во државата Њујорк починале 299 луѓе во изминатите 24 часа, а 831 се новозаразени, објави гувернерот Ендрју Куомо.
– После 50 денови карантин, животот се врати на улиците во Шпанија бидејќи Владата дозволи жителите да можат да прошетаат еден час. Илјадници излегоа на свеж воздух со заштитни маски на лицата, не заборавајќи дека Ковид-19 се уште демне, јавија локалните медиуми.
– Луѓе кои влегуваат во Франција меѓу кои и француски државјани ќе мора да минат 14-дневен карантин и можна изолација.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
