Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.725.126 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 104.878, а оздравеле 390.107 луѓе.
Бугарија – Во државата заразени се вкупно 648 луѓе, од кои 24 нови. Од ниов 15 се од Софија. Најстариот пациент има 90 години, најмладиот само седум години.
Австрија – Во државата има 13.672 луѓе заразени со новиот коронавирус од кои 6.604, до денеска се опоравиле. Бројот на заразени лица, односно бројот на смртни случаи и излекувани, се намали за околу четири проценти во изминатите 24 часа на 6.731. Бројот на починати се искачи од вчера за 18 на 337. Бројот на пациенти на интензивна нега се намали за 15 на 246. Министерот за здравство, Рудолф Анскер, објави дека по Велигден, фокусот ќе биде домовите нега на стари изнемоштени лица.
Холандија – Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми за 132, што значи дека животот досега од тој вирус го задубиле 2.643 лица. Вкупниот број заразени лица е зголемен за 1.316 на 24.413, соопшти Националниот институт за здравство.
Швајцарија – Бројот на починати од коронавирусот во Швајцарија се зголеми за 26 на 831 денеска, соопшти Министерството за здравство. Бројот на потврдени случаи се зголемил од 24.308 на 24.900.
Хрватска – Денеска се пријавени 39 нови случаи на заразени со што вкупниот број е 1.534. На респиратори има 32 пациенти, 357 хоспитализирани, 14 повеќе од вчера, изјави министерот за здравство Вили Берош. Според претходните податоци, починал 21 пациент.
Британија – Британскиот премиер се опоравува многу побрзо од Ковид-19, соопшти денеска неговиот Кабинет, а министерот за здравство соопшти дека се уште не е достигнат пикот на заразата во Велика Британија. Бројот на смртни случаи во британските болници е близу 9.000, откако вчера беа пријавени уште 980 починати. Овој дневен пораст е поголем од рекордниот број за нови смртни случаи во Италија за 24 часа. Борис Џонсон помина три дена во одделот за интензивна нега пред да биде пренесен во обична болничка соба. „Здравствената состојба на премиерот много добро напредува“, нагласи портпаролот на Даунинг стрит 10.
Индија – Вонредната состојба продолжена за две недели. Карантинот беше воведен на 25 март. Досега се регистрирани 7.500 случаи на заразени и 240 смртни случаи од болеста.
Ново на Сител
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле