Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1,276,117 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 69.509, а оздравеле 265.944 луѓе.
Унгарија – Бројот на потврдени случаи од Ковид-19 се зголеми на 744 откако беа пријавени уште четири смртни случаи. Досега во Унгарија починаа 38 лица од Ковид-19 и 67 се опоравени. Во карантин се 14 325 лица.
Панама – Министерството за здравство соопшти дека во земјата се регистрирани 1.988 случаи на заразени со новиот коронавирус, што претставува зголемување за 187 случаи од претходниот ден. Бројот на смртни случаи се зголеми за осум – на 54.
Мексико – Региистрирани се 2.143 нови случаи на заболени од новиот коронавирус, што претставува зголемување за 253 случаи од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство. Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот се зголеми за 15 – на 94.
Јужна Кореја – Властите соопштија денеска за помалку од 50 нови случаи на коронавирусот, првпат откако епидемијата во таа земја достигна врв на 29 февруари. Регистрирани се 47 нови случаи, така што вкупниот број на заразени се 10.284. Бројот на смртни случаи се зголеми за три – на 186.
Романија – Премиерот Лудовик Орбан, верува дека врвот на пандемијата во Романија ќе биде по Велигден, објави денеска весникот „Национал“. Во Романија, новиот коронавирус веќе зарази над 3.800 луѓе и регистрирани се 151 смртен случај.
БиХ: Потврдени уште три случаи на заразени со што бројот е зголемен на 659.
Aвстрија – Од денеска на сила е задолжително носење заштитни маски во супермаркети и дрогерии. Австриските власти разгледуваат обврска за носење маски на сите јавни места.
Црна Гора – Нови девет позитивни на Ковид-19, вкупно 223 случаи. Најмногу – 113 се регистрирани во Подгорица.
Нов Зеланд ќе се придржува до силните правила за борба против коронавирусот, и покрај некои знаци дека ситуацијата се стабилизира, рече денеска премиерката Јасинда Ардерн. Таа рече дека се регистрирани 67 нови случаи на Ковид-19, што е најмал број на нови случаи во последните пет дена. Вкупниот број заразени лица е малку поголем од 1 100, а евидентиран е еден смртен случај.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак