Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО