Состојба на патиштатa
ОДРОН НА ПАТОТ: На патот с.Извор - с.Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 06.11.2023, поради изведување на градежни работи за рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец - Катланово (лево и десно коловоз), ќе биде изменет режимот на сообраќај на патниот правец Скопје-Катланово, каде наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот ќе се одвива во левата коловозна лента во двата правци.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ:
Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.
Од 23.10.2023 г. ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Поранешен тренер на Јунајтед го нападна клубот: Потрошија 750 милиони евра за играчи, а се во многу полоша состојба отколку што беа тогаш
-
Сончево и многу топло
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами