Состанок за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан
![]()
Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на Состанокот за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан каде со домаќинот, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, вчера веќе одржаа неформална средба.
Во рамки на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се одржи работна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан на состанокот во Тирана, по што ќе следува и пленарната сесија на која ќе учествуваат и претставниците на политичките и финансиските институции на ЕУ, од Светска Банка, од Советот за регионална соработка (RCC), како и претставници на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.
За заклучоците од оваа сесија на иницијативата за унапредување на соработката на Западен Балкан, лидерите ќе информираат на прес – конференцијата која ќе се одржи како завршница на средбата.
Како дел од програмата, учесниците на состанокот во Тирана ќе го посетат Драч како израз на поддршка на граѓаните кои беа погодени од трагичните последици на земјотресот.
Премиерот Заев, заедно со останатите лидери, синоќа го проследија концертот „Никогаш нема да бидеш сам/а“, како донаторски настан за реконструкција на штетите од земјотресот од 26 ноември, оваа година, што го погоди градот Драч и други населени места во Албанија.
Ова е трета сесија од серијата состаноци после Нови Сад и Охрид, во рамки на иницијативата за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Портпаролката на грчко МНР за ЕЕС системот: Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива
-

Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ
-

Николоски: За 5 години брза железница Скопје–Солун за 1 час и 25 минути и Скопје-Белград за 2 часа и 30 минути
-

Сончево и топло до 37 степени до средината на наредната недела
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Уапсен 37 годишник во Охрид, пронајдени пушки, револвер и рачни бомби
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
