Состанок за откуп на пченицата во Министерството за земјоделство
Состанок за подготовки за откуп на пченицата од годинашната реколта ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
За откупот на пченицата од овогодишниот род министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ќе разговара со претставници на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори (ССК) и Стопанската комора на северозападна Македонија.
Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија пред три дена информираше дека очекуваат значително помали приноси особено во споредба со минатата година, а во одредени региони од земјата дури и да нема жетва. Предложи државата преку Бирото за стокови резерви да откупи 50.000 тони од годинашниот род на пченица по 12 денари за килограм и да ги чува до ноември или декември годинава за кога очекуваат пораст на цената.
Според официјалните податоци, минатата година од 80.000 хектари насеани со пченица родот изнесувал 306.000 тони или 60 проценти повеќе во споредба со претходната жетва 2015 година. Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар. Просечната откупна цена на пченицата лани изнесуваше од 8 до 9 денари за килограм, а брашното чинеше 12 денари за килограм.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама