Состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска ќе го отвори 15. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската унија, во рамки на Комитетот на региони на ЕУ.
Најавено е на отворањето да се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилигов и известувачот на Комитетот на регионите на ЕУ Франко Иакоп.
Заедничкиот консултативен комитет е заедничко тело на локалните власти на Република Македонија и на ЕУ што делува во рамки на Комитетот на регионите на Европската унија. Во овој мандат со заедничкиот консултативен комитет претседаваат Јасна Габрич, претставник на Европската унија, градоначалникот на општина Трбовље, Словенија Јасна Габриќ и Благој Бочварски, претставник на Република Македонија и градоначалник на Штип.
Во Заедничкиот консултативен комитет членуваат вкупно 22 претставници на локалните власти од кои 12 градоначалници и членови на општински совети се од Македонија.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
