Состанок на Советот за безбедност на ОН за мигрантската криза
Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, САД и Велика Британија го покренале прашањето за мигрантската криза за време на состанокот на 15-члениот Совет за безбедност на Обединетите нации зад затворени врати.
– Ја осудуваме оркестрираната инструментализација на луѓето чии животи и благосостојба Белорусија ги загрози за политички цели, со цел да се дестабилизираат соседните земји и надворешната граница на Европската унија и да се оттргне вниманието од сопственото растечко кршење на човековите права, се вели во соопштението.
Естонија, Франција, Ирска, Норвешка, САД и Велика Британија го опишаа пристапот на Белорусија како неприфатлив и го обвинија претседателот Александар Лукашенко дека станува закана за регионалната стабилност, повикувајќи на силен меѓународен одговор за да се повика Белорусија на одговорност, ветувајќи дека ќе разговараат за понатамошни мерки кои можат да се преземат.
Ново на Сител
-
Српскaта полиција: На протестите во Белград 107.000 луѓе
-
Стоилковиќ кон Костовски: Ве напумпавме на избори, да не сакате и некое друго пумпање?
-
52-годишна жена пронајдена мртва во својот стан во Гази Баба
-
Лице пукало кон малолетник на Бит Пазар
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти