Состанок на Партнерската комисија САД - Јадранска повелба
Размена на мислења за активностите во рамки на Јадранската повелба и нејзиното значење како инструмент за забрзување на процесот на евроатлантската интеграција на Југоисточна Европа, актуелната политичко-безбедносна соработка во регионот, зајакнувањето на регионалната соработка и придонесот во соочувањето со актуелните безбедносни предизвици во регионот и пошироко, се теми на состанокот на Партнерската комисија САД - Јадранска повелба, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Состанокот се одржува под мотото „Балканот напред - исполнување на визијата за целосна и слободна Европа“, а со него ќе претседава шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
На состанокот ќе учествуваат делегации и на другите членки на Повелбата, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД, на набљудувачите Србија, Косово и Словенија, како и шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје.
Состанокот ќе биде посветен на постигнувањата кои произлегуваат од пораките на лидерскиoт состанок на САД - Јадранската повелба одржан во Подгорица на 2 август и состанокот на министрите за надворешни работи, одржан во септември оваа година на маргините на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Со овој министерски состанок се заокружува македонското претседавање со САД - Јадранската повелба, а претседателството ќе биде предадено на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО