Состанок на Оланд и Меркел за последиците од грчкиот референдум

Претседателот на Франција и германската канцеларка, Франсоа Оланд и Ангела Меркел, ќе се сретнат вечерва во Елисејската палата во Париз, каде ќе разговараат за последиците од грчкиот референдум, соопшти синоќа канцеларијата на францускиот претседател.
Во соопштението на Елисејската палата се наведува дека средбата доаѓа во рамки на постојаната соработка меѓу Германија и Франција за придонес кон трајно решение за Грција.
Во Грција вчера се одржа референдум на кој околу десет милиони граѓани се изјаснија за предлогот на меѓународните кредитори.
На вчерашниот референдум вкупно 61,31 процент од грчките гласачи се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. На референдумот учествуваа 62,5 проценти од регистрираните гласачи во земјата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
