Бизнис
10. January 2017 - 10:18

Состанок на директорите на ФЗОМ со претседателот на Фармацевтската комора

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани заедно со стручните служби ќе одржат состанок со претседателот на Фармацевтската комора на Македонија, Биста Ангеловска и стручните служби на комората.

На состанокот, информираат од ФЗОМ, ќе се дискутираат новите проекти на Фондот поврзани со фармацијата, како и актуелни состојби.