Соседна Бугарија обезбеди хуманитарна помош за нашата земја
Владата на соседна Бугарија обезбеди хуманитарна помош за нашата земја за надминување на последиците од поплавите во висина од 60 илјади евра.Хуманитарната помош е во форма на шатори, полски кревети, гумени чизми, заштитни сетови, електрични кабли, лопати ,гребла , кофи и метални колички , срества за дезинфекција и чистење, латекс ракавици, водени пумпи и детски пелени.
- Бугарија уште еднаш го потврдува пријателството со Македонија во поглед на материјално-технички средства и опрема кои денеска со три шлепери се донесени во нашата држава. Се работи за пумпи за извлекување вода, агрегати, лопати, вреќи за спиење, креветчиња, шатори, многу средства за дезинфекција и неколку тони вода, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
- Република Македонија е наша најблиска и најпријателска држава. Наша чест и долг е да помогнеме...Ние сме тука да помогнеме и да не се случуваат повеќе вакви нешта- изјави Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков.
До Република Македонија помош за справување со последиците од невремето во Скопско и во Тетовско доесга понудија бројни пријателски држави. Првите понуди за помош пристигнаа од државите од поширокото сосество како Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, а понудата за помош се уште пристигнува.
-
Симон Лешков
Сите содржини од овој новинар