Соседите помагале но залудно - Младиот Александар изгоре во својот дом

Трагедија ја потресе Србија. Откако деновиве се случи трагедија кога младата Весна која е мајка на малолетно дете, падна во река по што и се изгуби секаква трага, како и смртта на ученикот во училиште во Нови Пазар, овој пат за жал изгоре младо момче.
Се работи за 32-годишниот Александар Џаџиќ кој во четвртокот околу 2 часот и 15 минути по полноќ изгорел во својата монтажна куќа.
Пожарникарите и Брзата помош кои пристигнале на местото на кобниот настан претпоставуваат дека пожарот избувнал или од дрвата на кои се грее куќата, или од заборавена цигара.
Прва која забележала дека куќата е во пламен е соседката на момчето, која веднаш викнала помош.

- Мојот сопруг веднаш истрча и го скрши прозорецот, но излезе многу чад. Не можеше да влезе иако се обидуваше, вели растревожената жена, сведок на трагедијата.
Инаку, братот на Александар неодамна за минал во Норвешка. Биле во тешка ситуација и сакал да помогне. Требало да реновираат дома, а последните зборови му биле, Чувајте ми го братот.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ако се сретнам со Путин, ќе разговарам за брзо завршување на војната, а не за историја
-

Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
-

Герасимовски: Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите
-

Муцунски: Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати
-

Трамп: Не сум расист, освоив повеќе гласови од Црнците од кој било републиканец
-

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол осуден на доживотен затвор
-

Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени
-

АХВ потсетува на законската обврска: Кучињата мора да бидат микрочипирани
