Соработка за унапредување на претприемничкото образование во средните училишта
Меморандум за соработка денеска потпишаа Министерството за образование и наука со Здружението Џуниор Ачивмент Македонија, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, кои заедно со поддршка од Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија, интензивно, преку низа активности ќе работат на развојот на претприемничките способности кај младите, кои по завршувањето на образовниот процес ќе бидат добро подготвени за понатамошна образовна надградба или за настап на пазарот на трудот со што ќе дадат свој значителен придонес кон севкупниот општествено – економски развој на земјата.
Основната идеја на активностите кои ги предвидува проектот е дека претприемничкиот дух ја гради иднината, а образованието и наставниците се тие што треба да го поттикнат и овозможат развојот на претприемничките способности кај младите.
Меморандумот предвидува вклученост на претставниците од образовните институции на меѓународни настани, панел дискусии и работилници организирани од Џуниор Ачивмент низ цела Европа, со што, соопшти денеска Министерството за образование и наука, на учесниците ќе им се овозможи да ги прошират границите на разменети знаења и запознавање со актуелните трендови во областа на претприемникото учење и пренесување на истите во нашите училишта и на нашите ученици.
Голем придонес кон креирањето нови вештини и знаења за наставниците и учениците, се посочува, ќе дадат и сертифицираните обуки, кампови на иновации и натпревари на ученици кои исто така се предвидени со меморандумот, а ќе ги реализираат неговите потписници.
Со потпишувањето на овој документ, посочуваат од Министерството за образование и наука, институциите покажуваат дека градењето претриемничка нација не е краткотраен процес, туку процес кој континуирано трае и во кој треба постојано да се вложува
– Продолжува меѓуинституционалната и меѓуорганизациска соработка за поддршка и јакнење на претприемничкото образование во средните училишта во земјата, со цел создавање мотивирана младина за иницирање и реализација на сопствени бизнис идеи, кои ќе бидат долгорочни успешни приказни благодарение на стекнатите вештини за лидерство, тимска работа, организирање, презентирање, планирање и финансиско работење за време на средното образование, се подвлекува во соопштението од Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
