-->
-->
Соработка на општина Чешиново Облешево со градот Болдести Чаени од Романија
-->

Во општина Чешиново Облешево денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу оваа општина и општината Болдести Чаени од Романија. Меморандумот го потпишаа градоначалниците Костадин Личков и Константин Бакуроиу.
- Соработката со романската општина Болдести Чаени за нас ќе значи многу. Ќе ги користиме искуствата во делот на подготовка на проекти финансирани од Европската унија, а ќе соработуваме и на економски, културен и спортски план. Очекувам збратимувањето со оваа општина да биде потпишано на 5 јуни наредната година на денот на нивната општина, истакна градоначалник на општина Чешиново Облешево, Костадин Личков.
Градоначалникот на Болдести Чаени, Константин Бакуроиу очекува соработката меѓу двете општини да се одвива на економски, културен и спортски план, со зближување на економиите од двете општини и регионот пошироко. Тој ја најави подршката што неговата општина ја има од ромската Влада ја проширување на соработката со општина во Република Македонија.
Гостите од Романија со домаќините ги посетија културно историските знаменитости во облешевскиот крај, како и неколку стопански капацитети за преработка на ориз, печурки и други градинарски производи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
