Соработка меѓу ЕФТА-Скопје и Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт
Националниот универзитет за филм и театар „Јон Лука Караѓеле“ од Букурешт и Универзитетот за аудиовизуелни уметности - европска, филмска, театарска и танцова академија (ЕФТА) од Скопје ќе соработуваат во областа на аудиовизуелните уметности, за што денеска во романскиот универзитет меморандум потпишаа ректорите на двете институции, Николае Мандеа и Јордан Плевнеш.
Како што соопшти ЕФТА, соработка во аудиовизуелниот сектор (филм, театар, применета музика...) ќе почне уште оваа година. Договорена е и размена на студенти и професори од двата универзитета, како и соработка на филмските фестивали на Југоисточна Европа во Париз и Берлин (SEE a Paris и SEEFF a Berlin).
- Ректорот Мандеа ја лансира идејата за интернационално стручно списание за аудиовизуелните уметности со импакт фактор, кое ќе биде наменето првенствено за едукацијата и креативното остварување на уметниците од Југоисточна Европа. Се очекува наскоро ректорот Мандеа да ја посети Македонија во функција на остварување на зацртаните приоритети во меморандумот, информира Универзитетот ЕФТА.
Ново на Сител
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар