Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт

Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот.
Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во храната според законите во Јужна Кореја, пренесува „Би-би-си“.
На списокот одобрени инсекти се наоѓаат скакулци, штурци и неколку други видови погодни за исхрана кај луѓето. Гостилничарот признал дека мравки биле користени, но вели, тие биле дел само од едно од понудените 15 јадења, како прилог во сорбет, и гостите можеле да изберат друг прилог. Случајот е откриен откако инспекторите од Министерството за безбедност на храна и лекови пронајдоа проследиле Интернет-прегледи и оценки на гости со фотографии од јадења посипани со мравки. Истражителите проценуваат дека во текот на четири години, околу 49.000 мравки увезени од САД и Тајланд биле користени за подготовка на јадењата.
Здравствените власти, исто така, откриле дека мравките што биле користени содржеле до 55 пати повеќе тешки метали отколку што е вообичаено за инсекти одобрени за храна за луѓе.
Пресудата во овој случај се очекува на 2 септември.
Во своја одбрана, сопственикот навел дека околу 60 отсто од посетителите на ресторанот избрале да ги пробаат мравките, додека на останатите им биле дадени други додатоци, како што се ферментиран оцет или јадливи цвеќиња. Тој додаде дека мравките се користат како јадлива состојка во ресторани во Австралија, Данска и Обединетото Кралство.
Во овој миг, 10 ресторани во Јужна Кореја имаат две „Мишелин ѕвезди“ – сите се во главниот град Сеул. Иако мравките се традиционална храна, па дури и деликатес во некои азиски, африкански и латиноамерикански земји, нивната употреба во храната не е одобрена во Јужна Кореја.
МИА
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
