Македонија
22. February 2021 - 17:54

Сопствениците на ресторани за организирани настани и ноќни клубови повторно протестираа во Скопје

Сопствениците на ресторани за организирани настани, ноќни клубови, фото студија и музичари денеска повторно протестираа и ги повторија нивните барања до Владата.

Бараат да биде укината забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки за нив.

Најавија дека од среда ќе протестираат секој работен ден во Скопје и во другите градови се до исполнување на нивните барања.

Повторија дека се единствените економски оператори на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и посочија дека од сопствени средства исплаќаат плати за вработените и плаќаат комунални трошоци, кирии…. 

– Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти, беше истакнато на протестот.