Македонија
22. April 2018 - 12:44

Сопружници од кичевско Србица преживеале вистинска драма - двајца маскирани ги ограбиле

Рано утрово околу 02.30 часот во село Србица, кичевско, во домот на И.И.(67), во собата каде спиеле со неговата сопруга влегле две маскирани непознати лица, маскирани коишто ги врзале него и неговата сопруга и им ги одземале мобилните телефони, женски чанти, платежни картици и паричници, по што го напуштиле местото на настанот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.